На прес конференција што се одржа попладнево, од Основното јавно обвинителство потврдија дека е приведена специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист. При претрес во СЈО одземен е компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.