Како што информираат од владиниот сектор за односи со јавност Премиерот Никола Груевски денеска во 11 часот ќе има видео обраќање по повод 100 дена од изборот на новата Влада.

Обраќањето на Груевски ќе може да се проследи на www.vlada.mk и на www.facebook.com/VladaMk.

Владата на Република Македонија беше избрана на 28 јули откако на вонредните парламентарни избори победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews