Голманот на боливискиот Ориенте, Карлос Ервин Аријас одбрани три пенали по ред, откако судијата на мечот го повторуваше ударот од белата точка.

При резултат 1-0, беше досудена најстрога казна која ја изведе Хозе Рио, но Аријас го одбрани неговиот удар. Судијата бараше повторување на ударот, и тоа не еднаш туку два пати.


Но и покрај тоа голманот ги “стопи“ ударите на домашните фудбалери.

Мечот заврши со поделба на бодовите 1-1.

OhridNews