Австралиецот со македонско потекло Саша Огненовски со тимот на Сеонгнам ја освои Азиската лига на шампиони, беше прогласен за играч на мечот и МВП на турнирот. Втора година по ред македонец е победник во ова натпреварување, лани тоа беше Ристиќ, а годинава Огненовски.
Огненовски со капитенската лента го предводеше корејскиот тим до втората титулата првак во Азија. Тој го отвори резултатот во 25 минута, нешто подоцна на 2-0 зголеми Бјунг -Кук. Неизвесноста во мечот ја врати Калатбари, додека конечниот резултат го постави Чеол Хо во 83 минута.
Од македонски фудбалери досега само Стевица Ристиќ станал првак на Азија, и тоа лани, со победата со тимот на Поханг стилерс од Јужна Кореја над Ал Итихад од Саудиска Арабија со 2-1 во финалето.
Огненовски ќе биде вториот македонец кој покрај Пандев ќе настапува на светското клупско првенство. Постои можност двата “македонски“ тима да се сретнат во полуфиналето, каде првакот на Европа, Интер ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу шампионот на Азија Сеонгнам и Ал-Вахда или Хекари Јунајтед.
И покрај желбата на Огненовски да настапи за македонската фудбалска репрезентација, во периодот кога селекторт беше Сречко Катанец, сложената процедура за добивање на македонски пасош го одврати фудбалерот од дебито за Македонија. Подоцна тој не беше во плановите на Јонуз и го прифати повикот од австралиската селекција за која своето деби ќе го има во среда на мечот против Египет.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...