Австралиецот со македонско потекло Саша Огненовски ќе игра во финалето од Азискиот куп, откако со 6-0 “сокероус“ го поразија Узбекистан во полуфиналето. Огненовски беше стрелец на вториот гол по половина час игра во првиот дел.

Противник на “кенгурите“ во финалето ќе биде фудбалската репрезентација на Јапонија која до  во финалето на Азискиот куп во Катар, стигна на пенали победувајќи ја Јужна Кореја со 3:0. Во регуларниот тек резултатот беше 1:1, додека по продолженијата 2:2.

 Ohridnews