Огромни се штетите во Градскиот пазар по пожарот кој во неделата избувна во угостителски објект, сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Штетите во пазарот се огромни, имаме оштетување во целиот дел на пазарот. Викавнавме проценител, вештак и е во постапка и чекаме да видиме колкава е во сума штетата. Пзарџиите веќе трет ден не работат. Организиравме како Градски пазар, во надворешниот дел поставивме тезги и привремено ги сместивме се додека не го средиме внатрешниот дел да можат нормално да функционираат, вели директорот на ЈП Градски пазар Охрид, Александар Попоски.

Според најавите од директорот Попоски во петок ќе се врши дезинфекција на просторот, по што ќе следи и замена на се што е оштетено.
На пазарџиите ќе им се излезе во пресрет со ослободување од плаќање за два-три месеци, а во меѓувреме додека се надвор ќе имаат чуварска служба.


Н.С.Ј.
видео. Б. Стојаноски















