Во организација на Клубот на млади на Црвен Крст – Општинска организација Охрид, деновиве, на плоштадот во Охрид се одржа социјален експеримент, во рамки на кој волонтери делеа прегратки на минувачите, со цел да се подигне јавната свест за борбата со ретките болести. Од настанот беше изработен и видео спот, кој официјално беше промовиран денеска на Денот на ретки болести, 28-ми февруари. Видеото е снимано на плоштадот Св. Климент Охридски со помош на Филмската академија FIOFA, а во снимањето и монтажата помогнаа волонтерите Анамарија Момироска, Анастасија Стојаноска, Стефан Жупан и Стефани Ефтимовска. Реализацијата на проектот ја поддржа клубот Интеракт.


Охрид го положи тестот на хуманост

OhridNews