Околу шест илјади луѓе на градскиот плоштад во Охрид ја дочекаа Новата година.  Атмосферата на студеното време овојпат ја загреаа хрвтската пејачка Антонија Шола, нашиот Александар Белов во придружба на „Ар-Ен –Си Бенд“ и охриѓаните „Но Фан“. Расположението кулминираше на полноќ со прекрасен огномет над Охрид.


Новата година на охриѓани и гостите им ја честита градоначалникот Aлександар Петрески кој им посака многу здравје, среќа и успех во 2011 година.

– Измина една многу тешка година, се надевам и убеден сум дека 2011 година ќе биде многу поуспешна. Сакам охриѓани да почувствуваат дека живеат во најубавиот град на светот, а ние ќе работиме да ги реализираме нашите приоритети во 2011 година, истакна градоначалникот Петрески.

OhrridNews