Шкендија на Атина Бојаџи во 1/16 финалето од Купот на Македонија се прошета низ Охрид и со убедливи 7-0 го совладаа Охрид Лоте. Црвено-црните“ полека ги палат моторите за престојните предизвици во првеството.


Натпреварот со охридскиот второлигаш, Ќатип Османи го искористи да му укаже шанса да дебитантот Менсур Куртиши, кој му возврати со два погодоци. По два пати мрежата ја затресоа и новајлиите Јованоски и Исени додека еднаш прецизен беше Хасани.

“Седмицата“ падна во Охрид

Мх.П.