Второто издание на Фестивалот на францускиот филм свечено беше отворено во Центарот за култура „Григор Прличев“. Овој фестивал Охрид го става на мапата на филмски градови и ја надополнува културната понуда на најголемиот туристички центар во земјата. На отварањето присутните ги поздравија  министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа – Милевска и  амбасадорот на Франција, Бернар Валеро, по што беше прикажан  филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре, кој присуствуваше на проекцијата на неговиот филм во Охрид.

До 4 јули, деневно ќе има по две бесплатни проекции од 19 и од 21 часот, а по секој филм публиката ќе има можност за разговор со филмските екипи. И годинава најдобриот филм на фестивалот ќе ја добие наградата „Златна маска“  што  ќе ја додели стручното жири. На церемонијата на свеченото затварање на светски познатиот шансониер и актер, Шарл Азнавур, ќе му биде врачена наградата за животно дело.


Ohridnews

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com