Охрид денес се капи во сонце по вчерашното невреме проследено со ветар од југ кој дуваше со брзина од над 90 километри на час што силно го разбранува Охридското Езеро. Големите бранови најголема штета предизвикаа на угостителските објекти во центарот на градот уривајќи ги платформите изградени во вода и целосно го уништија дрвениот мост на желбите, предизвикувајќи оштетувања на плажите и објектите во населбата Канео. Од утрово интензивно се расчистуваат последиците од невремето. На угостителите им помагаа екипи на „Охридски Комуналец“ и другите општински јавни претпријатија кои имаат полни раце работа. Правните и физичките лица од утре ќе можат да пријавуваат штети од невремето до надлежната општинската комисија, а исто така утре треба да започне и санацијата на оштетувањата на градскиот кеј.

OhridNews