На националните медиуми и интернет портали, градот Охрид отпочна кампања за претстојниот празник Богојавление – Водици.
Годинава празникот за прв пат ќе се одбележува четири дена. Празнувањето ќе започне во петок, 17 јануари со концерт на балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, а во сабота предвидени се повеќе пригодни културни манифестации. Централниот настан е во недела кога по утринската богослужба во црквите ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро во кои ќе биде фрлен крстот.
Празнувањето ќе биде заокружено во понеделник, 20 јануари, кога со неколку тони рибна чорба ќе биде одбележан Денот на рибарите.
OhridNews