Одлични оценки од учесниците, насмеани лица и многу позитивна енергија донесе второто издание на атлетскиот викенд „Охрид Трчат“. Кениецот Стенли Кипруто и олимпијката Оливера Јевтиќ од Србија победија на градската трка на 10 километри поставувајќи нови рекорди на патеката од 33 минути и 2 секунди, односно 35 минути и 42 секунди. Во трката на 5 километри во женска конкуренција најбрза беше Марга Бојаџиева, а во машка триумфираше србинот Милан Митровиќ. 

Годинава на Охрид ТрчаТ учествуваа 1090 атлетичари од 12 земји, што е речиси тројно повеќе од минатата година. Организаторот најави збогатување на манифестацијата со триатлон и нови содржини. 

Погледнете како мина второто издание на „Охрид Трчат“ и какви се впешатоците на учесниците и организаторот:

Г.М.