Охридската флејтистка Катерина Бачевска, деновиве како специјален гостин настапи на 25-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал за флејта во Швајцарија, „Sir James Galway“.
Настапот следува откако охриѓанката победи на натпреварот „Rising star“, а минатата година имаше шанса да се претстави пред светската јавност со целовечерен концерт.
Инаку, специјални гости на фестивалот беа и Денис Бурјаков, Рафаеле Тревизани, Никола Мацанти, Андреа Гриминели, Марина Пичинини, Јурген Франц, Андреа Олива, Стефан Келер, Џули Стјуарт, Лорна Мекги.
OhridNews