Пожарот што синоќа го зафати хотелот „Бренд“ во Охрид предизвика голема материјална штета која првично се проценува на околу 200.000 евра. 

Хотелот е осигуран, а осигурителната компанија веќе започнала проценка на штетите. Причините за пожарот треба да ги утврди истрагата која е во тек, но сомнежите се дека пожарот го предизвикала неисправна електрична инсталација.

Во објектот нема грејни тела на цврсти, течни или гасовивити горива, туку само на електрична енергија. Дали е во прашање самата електрична инсталација или во прашање е некакво грејно тело на електрична енергија ние не знаеме и не сме повикани тоа да го утврдиме. Објектот е осигуран, вештите лица за утврдување на штетите се на лице местио и ги утврдуваат фактите.– изјави командирот на професионалната територијална противпожарна единица од Охрид, Спасе Прентоски.

 
Пожарот во х. „Бренд  кој се наоѓа на источниот брег од Охридското Езеро, избил синоќа околу 2.20 часот. Огнената стихија за кусо време се проширила од холот кон внатрешноста на хотелот во кој немало гости, а благодарение на брзата интервенција на охридските поижарникари спречена е поголема катастрофа. 

-За десетина минути пристигнаа 3 противпожарни возила со 8 пожарникари кои извршија правилна проценка на ситуацијата и за половина час го локализираа пожарот и спречија негово ширење на соседниот хотел.-истакна Прентоски.

Превентивно пожарникарите ги евакуирале гостите кои биле сместени во соседниот хотел на кој му се заканувала опасност од опожарување. 

Г.М.
фото: Емилио

Фото: Опожарен хотелот „Бренд“ во близина на Охрид