Видео: Охридското Eзеро порибено со 380.000 пастрмки
14.08.08 12:41
Хидробиолошкиот институт од Охрид денеска изврши порибување на Охридското Eзеро со 380.000 млади пастрмки. Годинава ова е четврто порибување на езерото каде вкупно до сега се пуштени 1.800.000 пастрмки.
До крајот на годинава ќе биде извршено уште едно порибување со охридски пастрмки со што вкупниот број подмладок ќе надмине 2.000.000 единки што е блиску до потребниот оптимум, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски. Тој додаде дека со вакво темпо од три до пет години популацијата на охридска пастрмка ќе го достигне потребниот оптимум за нејзин природен прираст. Тоа, според него ќе овозможи комерцијално стопанисување на пастрмката и нејзино враќање на менијата во рестораните.
Ацо Спасеноски
Директотот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски, истакна дека за да достигне пастрмката тежина од еден килограм потребни се седум години, а за да биде полово зрела и требаат три години. Затоа, рече тој, потребно е да се подготви посебна програма, не замо за риболов туку и за репродукција на охридската пастрмка.
Гоце Костоски
Министерот Спасеноски денеска упати апел до локалната самоуправа, здруженијата на граѓани и локалното население активно да се вклучат во заштитата на овој автохтон и ендемичен вид риба. Спасеноски најави редица мерки во таа насока како натамошно порибување и обновување на рибниот фонд, засилени рибочуварски служби и контроли и зајакната контрола на рестораните за да се утврди потеклото на риба која се продава како охридска пастрмка.
Општина Охрид и годинава е дел од Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ од денес до 22 февруари Заедно со Министерството за култура...
На 18022026 во 22:00 часот на магистралниот пат Струга-Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Струга При извршена контрола во сообраќа...
Човечкиот фактор, според експертите, но и според визуелната опсервација, се покажува како главен причинител за актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум, вели градоначалникот на Општина...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.