После објавувањето на „Балкан-фанк“ од Дубиоза Колектив, деновиве на youtube излезе најновиот видео-запис на 22-годишниот охриѓанец Антонио Ристески, апсолвент на џез контрабас на штипскиот Универзитет.

Овој пат, на „Само Тони и Две жени“  дополнително им се придружија штипјанките Марија Докузова и Христина Стојанова како вокали, а се работи за преработката Too Close & Madcon на Alex Clare .

Досега, нашиот сограѓанин има настапeнo на повеќе манифестации ширум земјава, како Виноскоп во Скопје, Баскерфест Македонија, Фестивалот Т’к так во Кавадарци, вкулучувајќи ги и настапите со Сашо Гигов-Гиш во Домот на млади во Штип.

OhridNews