Река народ се слеваат во храмовите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Верниците палат свеќи за здравје и среќа и си го честитаат Божик со радосниот поздрав: Христос се роди! Вистина се роди!. Централната богослужба по повод Божик во Охрид се одржа во црквата Св.„Ѓорѓија“ во Влашка маала, каде со со светата архиерејска литургија чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. По богослужбата верниците кои ги постеа божикните пости ја примија светата причест.

За многу години!

OhridNews