Охридскиот хард-кор состав „Хардфејсд“, со настап во преполниот скопски клуб „Хавана“, го одбележа своето 10-годишно постоење на македонската сцена.

Нашите сограѓани, на вистински начин им се одолжија на своите фанови, кои во изминатата деценија верно ги следеа на настапите ширум земјава.

Покрај славениците, во скопска Хавана настапија легендарните софиски хардкорци Last Hope, белградските The Bridge и скопските Screaming for Change.

Инаку, во изминатите 10 години, охридските хардкорци зад себе оставија два албуми, многубројни свирки во и вон границите на Македонија, а пред околу една година реализираа турнеа по балканските земји.

OhridNews