Директниот пренос од празникот Богојавление – Водици во Охрид, што го реализираа OhridNews и „Мега продукција“, го проследија околу 4000 посетители од цел свет.
Посетителите имаа можност во живо да ги видат традиционалните обичаи поврзани со големиот празник, како и да чујат изјави од организаторите, ветерани и учесници во манифестацијата, хроничари, но и од кумовите на Водици и секако фаќачот на светиот крст Петар Рупески.
Интернет преносот од Водици во Охрид предизвика позитивни реакции од гледачите во светот.
„Голема благодарност до OhridNews и Мега продукција за преносот во живо од фрлањето на Светиот Крст. Воодушевена сум што имам можност од другата страна на светот да ја видам атмосферата во Охрид на овој голем православен празник – Водици.“ – пишува гледач на преносот.
Подготовката за реализација на овој голем проект, кој за прв пат во ваков обем е реализиран во Охрид и Македонија, траеше подолг период, а на реализацијата работеше тим на OhridNews и „Мега продукција“ – Охрид.
Успешно реализиран првиот интернет пренос од празникот Водици во Охрид
Директниот пренос, од кој ќе произлезе видео емисија посветена на Водици 2014, го помогнаа аптеки „Зегин“, здружението „Богојавление“ и Капетанијата на пристаништата Охрид.
OhridNews