Претпладнево опожарена е трската во близина на Женска плажа во Струга. За сега непознат сторител предизвикал пожар кој за брзо ја зафати речиси целата трска на овој простор.
Веднаш била повикана против пожарната единица, која според очеведци имала технички проблеми поради кои гаснењето на пожарот се одвивало тешко.
Денешниот е уште еден во серијата пожари на крајбрежјето на Охридското езеро во охридско и струшкo изминатиов период во кои е уништена поголема површина на трска, која е природна живеалиште на голем број риби, птици и друг жив свет.
OhridNews











