Во рамките на програмата за заштита на животната средина и природата, а со цел зајакнување на свеста за заштеда на енергија, вода и други мали корисни совети за одржливо живеење и конзумирање , Општина Охрид изработи еко брошура и видео спот.

Брошурата е наменета за децата од охридските основни училишта со цел да се едуцира најмладата популација во духот на заштитата на животната средина и да се прифатат од најмлада возраст еколошките принципи на живеење и дејствување.

Покрај, Еко брошурата „Мали корисни совети“, изработен е и видео спот кој ќе се прикажува на локалните телевизии, а истиот ќе може да го видат и посетителите на OhridNews.

Општината ќе ја подига еколошката свест со брошура и видео спот

OhridNews