„Гладијаторите“ ја запишаа втората победа во четвртиот натпревар од плејофот во Супер лигата, совладувајќи го Металург со тесни 27-26. Човек на одлука што се однесува до победникот беше Денис Тот. Хрватот на седум секунди до крајот на мечот упати проектил кој Ѓорѓески не успеа да го одбрани.

Иако со подеми и падови, одигравме фантастичен натпревар. Двете екипи бевме на некое потребно ниво, имавме добри и лоши моменти. Едно нешто што можам да констатирам е дека нема лесен натпревар за Охрид во Охрид. Целта во последната акција беше да се одработи чист шут, за мене или за Манасков. Акцијата се одвиваше за мене и среќен сум што погодив. Искрено незнам топката каде помина, но битно заврши каде што требаше, – изјави Тот.

За Охрид ова е втор последователен триумф во официјалните пресметки со Металург. „Гладијаторите“ скалпот на петкратниот првак му го зедоа и минатата година во претпоследната рунда од Супер лигата.

OhridNews

 

Драматичен триумф на Охрид, Металург по голема борба падна во „Билјанини Извори“ (видео)