Македонскиот интернационалец Бобан Грнчаров постигна погодок за Апоел кој на крајот се покажа одлучувачки во победата од 2-1 над Аполон. За дефанзивецот ова беше четврти гол сезонава. Грначаров и Тричкоски му “избегаа“ на второпласираниот Апоел седум бода.

Добрите игри на Грнчаров сепак не беа доволна препорака дефанзивацет да се најде на списокот на Мирсад Јонуз за престојниот пријателски натпревар против Камерун.

М.П.