Стотина средношколци од Охрид, во најголем дел од техничкото училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и угостителско училиште „Ванчо Питошески“, денеска ja напуштија наставата и излегоа на протест за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на државата.

Учесниците на средношколскиот протест кои тврдат дека самостојно се организирале, со знамиња и скандирања се упатија кон градскиот плоштад, каде ги истакнаа своите барања.