Ливерпул со овации и со “тројка“ го поздрави поранешниот ментор на “црвените“ французинот Жерард Улие, кој сега е менаџер на Астон Вила.


Во две минути “црвените“ преку Н`гог и холанѓанецот Рајан Бабел го решија прашањето за победник во последниот натпревар од 16-то коло од Премиер Лигата. Во листата на стрелци се запиша и аргентинецот Макси Родригез.

Со оваа победа Ливерпул “скокна“ на 8-то место додека Астон Вила остана закована на 16-то место во Премиер Лигата.

Мх.П.