Палермо го уништи сонот на Милан за двојната круна во Италија откако ги елиминираа “росонерите“ во 1/2 финалето. “Виолетовите“ во реванш натпреварот го совладаа Милан со 2-1 и со севкупни 4-3 се пласираа во завршницата.


Маглијачио во 63-та минута донесе водство за домаќините, Бово од пенал зголеми на 2-0 додека почесниот погодок за Милан го постигна Златан Ибрахимовиќ во финишот на мечот. 1/2 финалниот дуел беше зачинет со два црвени картони по еден на двете страни. Холанѓанецот Марк ван Бомел кај “росонерите“ односно стрелецот на голот за Палермо, Бово.


Палермо во финалето го очекува подобриот од дуелот Интер – Рома, “нероазурите“ по првиот натпревар имаат предност од 1-0.

Мх.П.