Палермо го победи Милан со 1-0 и ја продолжи агонијата на лидерот во италијанската Серија А. Стрелец на победничкиот гол беше романскиот интернационалец Гоиан во 11 минута од мечот.

“Росонерите“ по овај пораз сериозно ги загрозија шансите за освојување на Скудетото. Интер кој заостанува пет бода зад Милан, игра против Лече на Џузепе Меаца.

Лацио во водениот натпревар ја победи Чезена со 1-0 и се искачи на четвртата позиција.

Ohridnews