Актуелниот првак Интер ремизираше 1-1 на гостувањето кај Бреша во првиот натпревар од 29-то коло во Серија А
.
Нероаѕурите до предност стигнаа во 18 минута со голот на Ето, на додавање на Ранокиа. Ето погодокот го посвети на Нагамото и настраданиот јапонски народ во големата трагедија.
Во вториот дел македонскиот интернационалец Горан Пандев имаше две прилики да го реши мечот но од изгледни позции не успеа да го матира Аркари.
Казната за нереализираните шанси стигна во финишот на мечот преку Карачоло. Истиот играч имаше меч топката , но не успеа да реализира најсторога казна во судиското надополнување.
Со нерешениот резултат Интер ја пропушти можноста да ја намали предноста на градскиот ривал Милан на само два бода, Милан својот натпревар од ова коло ќе го одигра во недела.
Нерешениот резултат е лоша увертира за Интер пред реваншот во осминафиналето во Лигата на шампиони со Баерн во Минхен. По првиот меч одигран во Милано, Баерн има предност од 1:0,
М.П.
Со нерешениот резултат Интер ја пропушти можноста да ја намали предноста на градскиот ривал Милан на само два бода, Милан својот натпревар од ова коло ќе го одигра во недела.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...