Наполи ја совлада Сиена со 2-0 и обезбеди пласман во финалето на Копа Италија. Македонскиот интернационалец Горан Пандев на теренот ги помина последните десет минути од мечот кој беше одлучен со головите на Вергасола автогол и Кавани, и двата во првиот дел.


Наполи и Пандев за противник во финалето кое ќе се игра на “Олимпико“ во Рим ќе го имаат Јувентус.

М.П.