Горан Пандев и Наполи се “шестка“ се загреа за мечот против Челси во осминафиналето од Лигата на Шампиони. Дури девет пати се тресеа мрежите на Сан Паоло во триумфот на Наполи над Каљари со 6-3.


Хамшик, Канаваро, Лавеци, Гаргањо, Маџо и Астори (автогол) се запишаа во листата на стрелци за Наполи, додека госитете го имаа расположениот Ларивај кој постигна хет-трик, кој беше недоволен за да се избегне убедливиот триумф.

Наполи во вторник гостува во Лондон кај Челси каде ќе ја брани предноста од 3-1 стекната на првиот меч.

М.П,