16-годишниот охриѓанец Дарко Велков, слободно трча низ градските паркови и улици, прескокнувајќи ги сите пречки кои му стојат на патот со невидена леснотија. Уметничкото име на оваа необична дисциплина е „parkour/freerunning“, а што практично значи погледнете од видеото кое Дарко го снимаше во изминатите два месеци.
„Parkour“ се појави во 80-те години од минатиот век во Франција инспириран од идејниот творец Дејвид Бејл. „Parkour“ претставува природен метод на тренинг на човечкото тело да се движи точно и ефикасно, користејќи ги препреките кои се наоѓаат пред вас. Се работи за еден вид уметност, стил на движење чија главна цел е како во најкратко време да стигнете од една до друга точка со непрекинато движење. Во „parkour“не спаѓаат салта и други такви покомплицирани движења, тие се само „украси“ и се нарекуваат „free running“, објаснува Велков.
Талентираниот Дарко со „parkour/freerunning“ се занимава од хоби и тренира сам. Инспирацијата ја црпи од видеа на интернет, а поддршка му се локалните скејтери. Инаку тој активно се занимава со атлетика и е актуелен државен првак во младинска конкуренција во трискок и скок во далечина, а во 2011 беше прогласен за спортист на годината.
Горан Момироски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com