Парма го шокираше Јувентус на воведниот натпревар од 19. рунда во Серија А. “Млекарите“ со 4-1 ја разбудија “Старата Дама“ од зимскиот сон. Натпреварот започна лошо за избраниците на Дел Нери откако во 17 минута Бразилецот Фелипе Мело заработи црвен картон.


Поранешниот играч на Јуве, Џовинко погоди на два пати, еднаш Креспo од пенал и во финишот на мечот стрелаше прецизно Паладино. Почесниот гол за Јуве беше дело на Љегротаље.

Милан победи со 1-0 на гостувањето кај Каљари на Ст.Елиа блгодарение на голот на Страсер, по одличната комбинација на Касано и Робињо.



Интер го доби дербито на колото победувајќи го Наполи со 3-1 на “Џузепе Меаца“. Победнички старт за новиот тренер на Интер, Леонардо кој уживаше во играта на тимот кој го креираше Мурињо. Враќањето на еден од клучните играчи во Мурињо ерата Тиаго Мота беше одлучувачко во победата над Наполи.

Резултати:
Рома – Катанија 4-2, Болоња – Фиорентина 1-1, Бреша – Чезена 1-2, Каљари – Милан 0-1, Џенова – Лацио 0-0, Лече – Бари 0-1, Палермо – Сампдорија 3-0, Удинесе – Киево 2-0,  Интер – Наполи 3-1.

Ohridnews