Зимското засилување на Интер, Џампаоло Пацини ја покори својата Фиорентина и му осигура огромни три бода на “нероаѕурите“ во трката за Скудетото. Во заостанатиот натпревар од Серија А, Интер славеше над Фиорентина на “Артемио Франки“ со 2-1.
Избраниците на Леонардо до предност дојдоа со автоголот на Кампоресе. По половина час игра Пасквал изедначи на 1-1, а конечниот резултат го постави Пацини по еден час игра.
Во дербито на Џенова, Сампдорија претрпе пораз од Џенова со 1-0. Стрелец на одлучувачкиот гол беше Рафиња во 55 минута.
На табелата води Милан кој има три повеќе од Наполи и пет повеќе бодови од Интер,
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...