Франција со донесувањето на Лоран Блан на клупата полека ги консолидира своите редови, во групата се на првата позиција додека во пријателската средба која ја одиграа со домаќинот на ЕУРО 2012, Украина ја прегазија со 4-1.


По мирните 45 минути, мрежата први ја начнаа украинците преку фудбалерот за врска Тимошчук. На примениот погодок експресно одговорија “петлите“ преку Гамеиро. Мартин носи предност од 2-1 за Франција. Членот на Тотенхем, Јоанес Кабул е прецизен на 3-1 додека конечните 4-1 ги постави Мартин со вториот погодок на натпреварот.

Мх.П.