Во борбата за местата кои водат во Лигата на Шампиони, Ливерпул ремизираше со Тотенхем на Енфилд Роуд без голови 0-0. Обете екипи имаа свои шанси на натпреварот, “црвените“ преку повратникот во составот Луис Суарез кој биеше во добро поставениот Бред Фридел додека Герет Бејл не реализираше “зицер“ ситуација во финишот на мечот.


По одиграни 24 мечеви во Премиер Лигата, “црвените“ со 39 бодови се наоѓаат на седмата позиција а Тотенхем со 50 бодови е на третата позиција седум повеќе од четврто пласираниот Челси.

Во наредната 25-та рунда Ливерпул гостува кај Манчестер Јунајтед, Тотенхем го пречекува Њукасл.

Мх.П.