Нуркачите од „Bottom Time“ со краткометражен документарен видео-запис се приклучија на проектот „Патот до Саргасовото Море“, чија цел е подигнување на јавната свест за спас на Охридската јагула.

Во видеото на Никола Паскали, Александар Булески и Климчо Ангелоски, може да се види животот на јагулата во езерото и препреките со кои таа се соочува.

Иницијатива на овој проект, кој доби силна подршка од јавноста, е да се обнови природниот пат на јагулата од Охридскиот Езеро до Саргаското Море, кој по изградбата на хидроцентралата „Глобочица“ е прекинат.

OhridNews