2020 беше годината кога светот застана поради светската пандемија од КОВИД-19. Нуркачкиот центар „Акватек“ уште од самиот почеток на пандемијата кај нас самоиницијативно и активно се вклучи во борбата со овој вирус. Во четириминутното видео нуркачите од „Акватек“ потсетуват на активностите во годината што измнина.

Поставивме информативни табли на улица „Цар Самуил“ во стариот дел на градот за почитување на мерките за заштита препорачани од СЗО и Министерството за Здравство, изработувавме дигитални информативни флаери како да се заштитат и многу други слични активности. Се прилагодивме на ситуацијата и продолживме со нашата мисија за подигнување на свеста кај луѓето за чиста животна средина и институционалното уништување на културното и природно наследство во Охрид и Македонија. Со строго почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 реализиравме многубројни подводни еко акции. Извадивме многу отпад од езерото. – велат од Нуркачкиот центар „Акватек“.

Од „Акватек“ изразуваат благодарност на Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ и граѓаните за поддршката на нивните активности.

OhridNews