Барселона направи чекор напред кон 1/4 финалето во “Копа дел Реј“ откако на Ноу Камп ја торпедираше Осасуна со 4-0. Во останатиот натпревар Реал Сосиедад ја искористи предноста на домашен терен и триумфираше со 2-0 над Мајорка.

Творци на победата за Барселона беа Фабрегас и Меси кои постигнаа по два подогоци. За Сосиедад прецизни беа Агире и Аранбуру.

Мх.П.