Градоначалникот на полското пристаниште Гдањск, Павел Адамович, кој беше нападнат со нож на добротворен настан им подлегна на повредите.

Градоначалникот кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар ја оценил неговата состојба како многу сериозна и бил подложен на операција.

Нападот се случи пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собираа пари за да се купат медицински уреди. Напаѓачот беше уапсен од полицијата и, според портпаролот, тоа е 27-годишен жител на Гдањск. Видеоснимката на „Јутјуб“ покажува човек како скока на сцената, го зграпчува микрофонот и вели дека претходната влада Граѓанска платформа (лево) го фрлила во затвор и го малтретирала.