Краткотрајно невреме проследено со пороен дожд и силен јужен ветер попладнево го зафати Охрид. На моменти ударите на ветрот беа исклучително јаки, што предизвика паѓање на гранки од дрвјата, но и на сообраќајни знаци низ градот.

Kон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови. Ќе дува засилен јужен ветер, информира УХМР.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен ветер. Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews