
Вредната реликвија на вработените во охридскиот Завод и музеј им ја предал потомок на семејството на Анастасија Узунова од Струга на 24 април – денот на херојскиот чин на Христо Узунов.

– Деловите од брадата на Христо Узунов за нас ќе претставуваат најскапа реликвија и од денеска Охрид покрај реликвијата на Св. Климент Охридски е побогат за уште една скапа реликвија. Ние таа реликвија грижливо ќе ја чуваме и истата ќе претставува место на поклонение. Од оваа вечер наспроти неговиот и наш вечен Илинден, Христо Узунов е со нас, рече Целакоски.
Реликвијата ја откри дриректорот на Управата за заштита на спомениците на културата, Паско Кузман.
Промовирана вредна реликвија од војводата Христо Узунов
Во куќата на Узунов синоќа беше промовирана книгата “Охрид и охридско низ османлиската документација“ од професор доктор Драги Ѓоргиев. Ова оваа вредна книга ссе поместени фактографски податоци од османлиските архиви и содржи вредни податоци за животот во Охрид и охридско во времето пред и по Илинденското востание.
Промовирана книгата “Охрид и охридско низ османлиската документација“
од професор доктор Драги Ѓоргиев
















