Пар лебеди со нивните млади „залутаа“ во реката Црн Дрим. Тие некако успеале да ја минат браната на истекот на Дрим од Охридското Езеро, по што не можеа да се вратат назад. Случајот го решаваа струшките пожарникари кои се обудуваа со храна да ги намамат лебедите да се вратат во езерото, а помош беше побарана и од рибари и екологисти. Сличен случај имало и минатата година, кога исто така струшките пожарникари спасувале лебеди заглавени во реката Дрим.
Пожарникари спасуваа семејство лебеди заглавени во Дрим