“Палавковците“ Марио Балотели и Даниеле Де Роси не се повикани за престојните квалификациски натпревари на Италијанската репрезентација поради нивните испади за време на натпреварите од Европские купови.


“Супер Марио“ на натпреварот со Динамо Киев во 1/8 финалето до Лигата Европа по непромислениот старт над македонецот Горан Попов заработи директен црвен картон додека Даниеле Де Роси исто така во 1/8 финалето но во Лигата на Шампиони без топка со лакто го удри хрватот, Дарио Срна.


Од федерацијата на Италија говорат дека го нарушиле кодексот на однесување и затоа немаат можност да го облечат дресот на “азурите“.

ohridnews