На црковна церемонија што се одржа во храмот Св. Софија во Охрид, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го востоличи новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во сослужение со членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ.
Атмосферата од светиот чин кој зрачеше со духовност ја долови охридската продукција „Digital Box“ која изработи прекрасно видео од настанот.
Прекрасно видео од востоличувањето на Митрополит Георгиј во Св. Софија кое зрачи со духовност
Г.М.
Видео: „Digital Box“