На 22-ри април во Охрид ќе биде премиерата на новиот филм на Илија Пиперкоски. Станува збор за 40-минутниот документарец насловен „Јас и мојот живот без некои работи“, во кој Пиперкоски заедно со еден млад дечко, Драгош кој живеел на улица тргнуваат низ Романија во потрага по неговиот татко. Потресната приказна е посветена на 22-годишниот Думитру Драгош, кој и покрај ужасниот живот успева да се запише на Академијата за театар и филм во Букурешт.

– Едноставно, тоа е толку потресна приказна, која тој ја остава да тече многу природно и чисто без непотребни интервенции. Во неа Драгош сам си го раскажува животот и детството кога бил оставен сам на себе, кога најчесто немало кој за него да се грижи, а болната мајка дури два пати се обидела да го убие, вели режисерот Пиперкоски. Тој  многу добро ќе ја склопи приказната и низ раскажувањето на неговите соседи, и возрасната двојка која некое време ќе го земе да живее кај нив, додека сцената со неговата мајка која боледува од шизофренија ги доведува работите до вистинска кулминација покажувајќи ја целата болка и иронија во животот на овој млад човек.

Филнотна кој работеше целосно романска екипа и кој е снимен во Букурешт, Бузау, Фагараш и Клуж.

Приказната и нејзиното течение, како што вели Пиперкоски, била сосем непредвидлива особено што требало да најдат некого за кого имале малку податоци, а Романија има 23 милиони луѓе. Целото снимање било како барање игла во сено. Но, и Илија и Драгош беа упорни, ако ништо друго, тогаш да му пркосат на животот и да покажат дека ништо не е готово додека ние самите не решиме така да биде, додава Пиперкоски.

OhridNews