Одделот за недозволена трговија со дрога  при Центарот за сузбивање на организиран криминал на МВР,  во рамки на акцијата „Адриа“ заплени околу 76 кг марихуана, при што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија кој се одвивал на релација Р. Албанија – Р. Македонија со крајна дестинација Р. Хрватска. Притоа е разбиена меѓународна криминална група составена од осум лица од кои тројца македонски државјани, четворица босански државјани и еден хрватски државјанин.

Марихуаната во земјвата била внесена илегално преку Охридското Езеро, по што била подготвена за натамошен транспорт во домот на организаторот на групата. Дрогата не стигнала до крајната цел откако камионот со кој била превезувана нелегалната пратка синоќа 30 минути по полноќ бил запрен на автопатот Скопје – Куманово од страна на полицијата.


Во врска со случајот полицијата извршила претрес во еден дом и уште четири други локации на подрачје на Охрид, каде оперирале три од осомничените лица.

Првичните анализи покажуваат дека станува збор за дрога со исклучителен квалитет чија цена на хрватскиот пазар достигнува околу 160.000 евра додека во малопродажба би достигнала над 300.000 евра. Доколку истата потоа би била транспортирана во земјите од ЕУ, нејзината цена на наркопазарите би била двојно поголема, информираат од МВР.


Полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

OhridNews