Реал Мадрид прокнижи нови три бода победувајќи го Гетафе со убедливи 4-0. Кристијано Роналдо продолжува со гол шоуто во “Ла Лига“ по “покерот“ на Севиља, “Роние“ на натпреварот со Гетафе постигна хет трик. Еднаш во листата на стрелци се запиша Карим Бензема.

Резултати: Депортиво – Атлетик 2-1, Реал Мадрид – Гетафе 4-0, Малага – Спортинг 2-0, Сантандер – Атлетико Мадрид 2-1.