Промотивниот спот за 52-то издание на најголемата и најзначајна културна манифестација во земјава, фестивалот „Охродско лето“ го изработи младиот и талентиран дизајнер од Охрид Кирил Јорданоски од „Labino Production“. Спотот го најавува свеченото отварање на фестивалот на кој годинава учество ќе земат врвни уметнички имиња.

Педесет и второто „Охридско лето“ ќе биде отворено на 12-ти јули на Античкиот театар со сценскиот спектакл „Ромео и Јулија“ во режија на Дејан Пројкоски. Станува збор за театарскиот триптих од  Шекспир – интернационален проект кој ги обединува театарот, операта, балетот и музичката уметност. Носител на проектот е Битолскиот народен театар, во копродукција со Македонската опера и Балет и театарот „Вера Комирсажевскаја“ од Санк Петербург – Русија, а учествуваат уште и Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
OhridNews