Видео: Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес во Јапонија. Цунами потопило брод со 100 луѓе
11.03.11 13:12
Состојбата во Јапонија по силниот земјотрес од 8.9 степени според Рихтер кој предизвика цунами бранови високи до 10 метри е апокалиптична. Како што јавува репортерот на OhridNews од Токио, во земјотресот чиј епицентар бил на 400 километри североисточно од јапонската престолнина во Тихиот Океан настрадале најмалку 70 луѓе, најмалку 250 се повредени, а голем број лица се водат за исчезнати. Во некои области нема струја, вода, нема телефон. Голем број објекти се разурнати, а водата е навлезена длабоко во градовите. На половина час се чувствуваат помали потреси, улиците се бликирани меѓу населението владее вознемиреност.
Ројтерс јави дека брановите од цунамито кое го предизвика исклучително силниот земјотрес во Јапонија, потопија брод во кој се наоѓале околу 100 луѓе. Земјотресот предизвика многу пожари, а загрозени се и нуклеарните постројки во земјата поради што е прогласена вонредна состојба.
Опасност од цунами е прогласена во рускиот Далечен исток, Филипините и на Маријанските острови, каде се врши евакуација на населението.
OhridNews
Опасност од цунами е прогласена во рускиот Далечен исток, Филипините и на Маријанските острови, каде се врши евакуација на населението.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...